Хаос во Овалната соба, расфрлани документи и ишарано биро: Еве што оставил Трамп зад себе според „Тајм“

Точка

22/01/2021

11:45

9.271

Големина на фонт

а а а

Соединетите Американски Држави имаат нов претседател, а во земјата полека ќе започне да се заборава ерата на Доналд Трамп. Сега, државата отвора ново поглавје со Џо Бајден.

Американците на киосците ги дочекаа весници и магазини во чиј главен фокус е смената во Белата куќа, напуштањето на функцијата на Доналд Трамп кој не беше баш омилен кај американските медиуми и пристигнувањето на Џо Бајден на неговото место.

Од сите насловни страници, се чини дека најмногу се издвојува насловната страна на магазинот „Тајм“.

Илустрацијата на Овалната соба, според „Тајм“ го отсликува тоа што го дочекало Бајден како нов претседател на САД. Прикажана е Овалната соба во прилично хаотично издание, документи натрупани и расфрлани на подот, ишарано и неуредно работно биро, додека Бајден гледа преку прозорецот.

Илустриран е кабинетот на новиот американски претседател, односно нередот кој зад себе го остави Доналд Трамп. „Тајм“ на тој начин укажа што го чека Бајден како нов претседател на државата - многу работа во внатрешната и надворешната политика.




Спонзорирани линкови

Маркетинг