5 непознати факти за животот во Норвешка: Таму секој може да работи и живее без оглед на државјанството, стриптизот законски е уметничка дисциплина

Точка

22/01/2021

10:31

6.934

Големина на фонт

а а а

Секој дел од светот има нешто да понуди, па така и оваа интересна северна земја.

Норвешка е земја која што е пребогата со нафта. Од таа причина во неа постои државен фонд од билион долари кој што настанал со продажба на нафтата, а кој што се користи за зголемување на благосостојбата на граѓаните на оваа земја. Интересно е што за една година не се троши над 3 отсто од таа сума.

Малкумина знаат дека оваа земја припаѓа на архипелагот Свалбард кој што се наоѓа на половина пат помеѓу Норвешка и Северниот пол.


Интересно е тоа што на овие острови секој може да живее и работи, без оглед на државјанството.

Верувале или не, Норвежаните велат „тексас“ кога сакаат да нагласат нешто кое што е премногу необично или пак лудо. Тие го употребуваат овој збор во секојдневниот говор уште од 50-тите години на минатиот век, кога во оваа земја биле популарни вестерн романите и филмовите во кои што Тексас фигурирал како територија на која што нема правила и каде што законите многу малку се почитуваат.

Стриптизот во Норвешка законски се третира како уметничка дисциплина. Имено, Апелациониот суд во 2006-та година донел залучок дека изведувањето стриптиз за пари е исклучено од ДДВ, како балетот, уметничкото лизгање и театарот.


Во Норвешка постои традиција на читање крими романи и гледање серии и филмови од истиот жанр во текот на празниците. Оваа традиција со име „Påskekrim“ започнала во 1923-та година кога писателите Нордал Григ и Нилис Ли ги издале своите романи непосредно пред Велигден, а ги рекламирале така што во весниците објавиле оглас со натпис: Возот Берген е ограбен минатата ноќ“, за што многумина мислеле дека е реална вест.




Спонзорирани линкови

Маркетинг