Остра порака од Помпео во последните часови од владеењето на Трамп: "Кина врши геноцид"

Точка

21/01/2021

19:00

2.348

Големина на фонт

а а а

Американскиот државен секретар во заминување Мајк Помпео, рекол дека верува дека во тек е геноцид над Ујгурите, односно системски обид за нивно уништување од страна на кинеската партиска држава.

Американскиот Стејт Департмент изјавил дека Кина врши геноцид и злосторства против Ујгурите и другите етнички малцинства во провинцијата Синкјанг.

Американскиот државен секретар во заминување Мајк Помпео, рекол дека верува дека во тек е геноцид над Ујгурите, односно системски обид за нивно уништување од страна на кинеската партиска држава, пренесува "Sky news".

Соопштението е издадено во последните часови од владеењето на Трамп, но тимот на Бајден претходно изразил поддршка за таквата дефиниција, зборувајќи за репресијата над Ујгурите како геноцид во август минатата година.



Ентони Блинкен, номиниран за државен секретар на Бајден, иако нагласил дека ќе направи пресврт во однос на надворешната политика на Трамп, рекол дека ќе се согласи кога станува збор за оваа изјава на Помпео.

Во врска со тврдењата за злосторства против човештвото, Помпео зборувал за произволно затворање или лишење од физичка слобода на повеќе од еден милион цивили, принудна стерилизација, тортура на затвореници и наметнување на драконски ограничувања на верувањето и движењето.



"Оваа крајна измислица за геноцидот во Синкјанг е заговор на векот", рекол службеникот на Комунистичката партија Су Гусијанг.

Инаку, според тврдењата на бројни аналитичари, осудата на Кина би можела да биде единствената заедничка работа на администрацијата на Трамп и онаа на Џо Бајден.



Спонзорирани линкови

Маркетинг