Преку одлична илустрација, магазинот „Time“ го прикажа нередот кој го остави Доналд Трамп

Точка

21/01/2021

18:44

2.252

Големина на фонт

а а а

Очекувано, денешните насловни страници на светските печатени медиуми беа посветени на вчерашната инаугурација на американскиот претседател Џо Бајден, но посебно се издвојува онаа на магазинот „Time“.

Илустрацијата на која е испишан само називот на магазинот, јасно го кажува ставот за тоа што го чека новоизбраниот претседател. Илустриран е кабинетот на американскиот претседател, а тоа досега беше Доналд Трамп, и нередот кој го оставил зад себе. На тој начин, „Time“ укажува дека Бајден го чека многу работа како во внатрешната, така и во надворешната политика. 


„New York Times“, „Financial Times“, „Guardian“ и „Independent“ ја издвоија изјавата на новоизбраниот претседател на нивните насловни страници – „демократијата надвладеа“ додека „Washington Post“ истакнал: „Бајден. Единството е пат“.

Освен во САД и Велика Британија, инаугурацијата на Џо Бајден се најде и на насловните страници на влијателните германски, француски, италијански и шпански дневни весници.


„Frankfurter Allgemeine Zeitung“ ги истакнал зборовите на Бајден кои гласат: „Послушајте ме, следете ме и следете го моето срце“, а францускиот „Le Monde“ ја потцртал неговата изјава дека „демократијата победила“.

„La Republica“ порачала „искупување на Америка“ додека италијанскиот весник „Corriere Della Sera“ во насловот истакнал повик на обединување со констатацијата дека „започнува ерата на Бајден и Харис“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг