Заев: Просечната плата расте, целта ни е да стигнеме до 34.000 денари

Макфакс

21/01/2021

16:43

847

Големина на фонт

а а а

Имаме раст на просечната нето-плата во ноември, a наша цел се достоинствени плати и подобар животен стандард за граѓаните. Владата е посветена на покачување на платите до 34.000 денари во следните четири години, објави премиерот Зоран Заев на социјалните мрежи.

„Имаме раст на просечната нето плата од 7% во ноември 2020, во однос на истиот месец 2019 година. Според податоците на Државниот завод за статистика, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во ноември 2020 година изнесувала 27.588 денари. Ваквото зголемување се должи на зголемувањата на платите во наведениот период во секторите: Дејности на здравствена и социјална заштита (11,2 %), Образование (9,5 %), Информации и комуникации (9,4%), Земјоделство, шумарство и рибарство (8,5%), Преработувачката индустрија (7,3%), како и во други бројни дејности. Нашата цел е граѓаните да имаат достоинствени плати и подобар животен стандард. Владата е посветена на покачување на платите до 34.000 денари во следните четири години“, напиша премиерот на својот фејсбук-профил.

? Имаме раст на просечната нето плата од 7% во ноември 2020, во однос на истиот месец 2019 година. Според податоците на...

Posted by Zoran Zaev on Thursday, January 21, 2021



Спонзорирани линкови

Маркетинг