Раст на просечната плата за 1.800 денари

Макфакс

21/01/2021

16:38

682

Големина на фонт

а а а

Просечната месечна исплатена нето-плата за вработен во ноември 2020 година изнесувала 27.588 денари и е повисока 7 % во однос на истиот месец во 2019 година, поточно 1.801 денари.

Во согласност со податоците на Државниот завод за статистика, во ноември 2020, во споредба со истиот месец 2019 година, регистрирано е зголемување на нето-платата за вработен во секторите: земјоделство, шумарство и рибарство (8,5 %), во преработувачката индустрија (7,3 %), снабдување со електрична енергија, гас, пареа, климатизација (4,9 %), информации и комуникации (9,4 %), финансиски дејности и дејности на осигурување (2 %), како и во други многубројни дејности.

Дополнително, ваквото зголемување во најголем дел се должи и на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата за вработен во секторите: уметност, забава и рекреација (11,2 %), дејности на здравствена и социјална заштита (11,2 %) и образование (9,5 %). Највисоки нето-плати се регистрирани во секторите информации и комуникации, како и финансиски дејности и дејности на осигурување.

Од Владата велат дека се посветени на реализација на стапките на економски раст од 4 до 5 % и покачување на платите за 20 до 30 %, односно до 34 илјади денари во следните четири години, со цел подобрување на стандардот на граѓаните и економијата во земјата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг