Казна од речиси 8 милиони долари: Нелегалните ограничувања скапо ќе го чинат Steam...

Точка

21/01/2021

16:59

1.382

Големина на фонт

а а а

Не е чесно некој да биде ограничен во купувањето на дигитална содржина само поради локацијата на која што се наоѓа.

Европската комисија ги казни Valve, Focus Home, Capcom и уште некои други издавачи со 7,8 милиони евра, поради праксата да го поврзуваат отклучувањето на одредена игра со локацијата на играчот.

Европската комисија ја заврши истрагата која траеше од 2017-та година и откри дека шест познати издавачи на игри ќе бидат казнети поради гео-блокирањето на продажбата на игра, со што е одлучено дека играчите се оштетени и се прекршени нивните потрошувачки права.

Под гео-блокирање се смета поврзувањето на Steam клучевите на игри само за одредена држава или територија, со што купувањето на клучот од друга земја би било невозможно. Со оглед на тоа што ЕУ се залага за единствен дигитален пазар, донесена е одлука издавачите кои ја прекршиле праксата да платат казна од 7,8 милони евра.


Valve не соработуваше со Европската комисија и ќе плати казна од 1,6 милиони евра. Capcom ќе плати околу 400 илјади евра, а најлошо помина Focus Home Interactive кои ќе мора да платат 2,9 милиони евра. Меѓу казнетите компании се најдоа и Bandai Namco, Koch Media и ZeniMax Media.

Според Европската комисија, но и според сите гејмери, не е фер некој да биде ограничен од купување на видео игра само поради тоа што се наоѓа на одредена локација.




Спонзорирани линкови

Маркетинг