На веб страницата од Белата куќа се појавила скриена порака која стана вирална: „Доколку го читате ова...“

Точка

21/01/2021

15:33

4.428

Големина на фонт

а а а

Скриена порака на новата интернет страница на Белата куќа на претседателот Џо Бајден, стана вирална на социјалните мрежи.

Само неколку часа откако Доналд Трамп ја напушти Белата куќа, луѓето забележале порака која била скриена во HTML.

Интернет страницата била ажурирана додек новиот претседател ѝ се обраќал на нацијата.

На љубителите на технологијата не им требало многу време за да го забележат скриениот додаток во HTML кодот каде што од технолошките експерти се бара да се јават.

„Доколку го читате ова, ни треба вашата помош за подобрување. Https://usds.gov/apply“, пораката која што ги повикува луѓето да се приклучат кон американската Дигитална служба, на технолошката единица на Белата куќа.

Инаку, поранешниот претседател Барак Обама го покрена технолошкиот тим во 2014-та година за да вработи експерти кои што ќе помогнат во преуредување на владините услуги.

Апелот станал вирален на социјалните мрежи, па можеби истиот ја поништува поентата на скриената порака.



Спонзорирани линкови

Маркетинг