Емери ги загуби нервите и за малку ќе се степаше со противничкиот тренер

Дерби

21/01/2021

14:24

2.417

Големина на фонт

а а а

Тренерот на Вилјареал, Унаи Емери ги загуби нервите по вчерашниот натпревар против Гранада и за малку ќе се степаше со противничкиот тренер.

По последниот судиски свиреж Емери влезе во клинч со Диего Мартинез кој за малку ќе прераснеше и во физичка пресмета.

Тренерот на Вилјареал очигледно беше лут и разочаран откао Пако Алкасер не успеа да реализира удар од белата точка во судиското продолжение, па му се нафрли на Диего Мартинез кој очигледно го „буцна“ при поздравувањето.

Меѓу двајцата тренери се разменија и тешки зборови, а малку фалеше да дојде и до физички контакт меѓу двајцата.

Вилјареал пропушти прилика со победа да се пласира на третата позиција на првенствената табела и остана на четвртата позиција, додека пак Гранада го задржа седмото место на табелата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг