За една вечер на приватен остров на Малдивите - 80.000 долари: Спој на природата и префинетата архитектура

Точка

21/01/2021

11:16

3.117

Големина на фонт

а а а

За оние кои што имаат доволно финансиски средства, приватниот остров во тропскиот предел е идеално место за изолација од глобалната пандемија.

Меѓу најопремените дестинации кои што имаат одлични понуди се Малдивите, кои што се состојат од 1.200 мали острови.  

Иако поголемиот дел од одморалиштата на Малдивите веќе се приватни, на еден од островите постојат неколку можности за туристите кои што сакаат да уживаат во луксуз.


Во одморалиштето „Waldorf Astoria Maldives Ithaafushi resort“, отворен е приватниот остров „Ithaafushi“.

Тој се простира на 32.000 квадратни метри, а се продава како најголемиот приватен остров на Малдивите. Може да се изнајми за 80.000 американски долари од една вечер.


Островот може да прими до 24 гости во три згради: постои двособна вила со затворени и отворени тушеви, дневна соба, базен, џакузи, трособна вила на плажата со два базени и резиденција со две спални соби која што има две кралски спални соби, џакузи и голема заедничка дневна соба.

Архитектурата и ентериерот на овој остров се опишани како „префинети, модерни со малдивски шарм“, а гостите имаат право на личен вратар.




Спонзорирани линкови

Маркетинг