Прва семејна фотографија на актерката Јелена Јованова: „2020-та беше како сценарио од холивудски филм, но се роди Јаков“

Точка

21/01/2021

09:55

7.449

Големина на фонт

а а а

Македонската актерка Јелена Јованова, најпозната по улогата во хумористичната серија „Преспав“, по долго време објави семејна фотографија со својот сопруг Стјепан и синот Јаков.

Јелена, во интервју за хрватскиот магазин „story.hr“ открила како ги поминале првите месеци од родителството со Стјепан, на кого повеќе наликува нивниот син, но и како ја опишуваат годината која што е зад сите нас.

„Story“: По што ќе ја паметите 2020-та година?

„Да беше оваа година сценарио од од холивудски филм, би кажала: Малку претеравте. Но, очигледно би погрешила. Вистински емоционален вртлог ни донесе 2020-та година, а на врвот на пиедесталот секако дека е Јаков“.

„Story“: Станавте родители, како поминаа првите месеци со вашиот син?

„Првите две-три недели беа напорни. Последици од породувањето, хормони, прилагодување... Сите тие работи требаше да си дојдат на свое место. Не беше бајковито, но влеговме во рутина. Секој ден стануваше многу полесно и позабавно.



Спонзорирани линкови

Маркетинг