Научничка предупредува: „Ковид-19 можеби ќе стане сезонска болест, тоа зависи од една работа“

Точка

21/01/2021

09:40

3.073

Големина на фонт

а а а

Вирусот SARS-CoV-2 кој што го предизвикува Ковид-19 со текот на времето ќе стане сè помалку заразен, па ќе прерасне во сезонска болест.

Ова ќе се случи тогаш кога вирусот ќе прерасне во ендемски вирус, тогаш кога нема да предизвикува масовна инфекција и тешки заболувања.

„Кога вирусот ќе дојде во таква ендемска состојба зависи од брзината на неговото ширење и брзината на вакцинацијата“, изјавила главната авторка на истражувањето Џени Лавин од Универзитетот „Emory“.


Таа додала дека потребно е да се вакцинираат што повеќе луѓе и тоа во што пократок период.

„Кога поголемиот дел од луѓето ќе стекнат имунитет на Ковид, по природен пат на инфекцијата или пак преку вакцинацијата, коронавирусот ќе биде изложен на помалите деца, но тогаш тие ќе се разболуваат во поблаг облик“.

Истражувањето е направена врз основа на шест човечки коронавируси, од кои што четири редовно се шират меѓу луѓето и предизвикуваат поблаги симптоми.




Спонзорирани линкови

Маркетинг