Истражување открива кои зборови кучињата најмногу сакаат да ги слушаат

Точка

20/01/2021

20:28

3.372

Големина на фонт

а а а

Сакајќи да дознаат што нашите четириножни пријатели сакаат најмногу да слушаат, истражувачите од сајтот „OnBuy.com“ спровеле 3-месечно истражување за да дознаат на кои зборови и фрази милениците полудуваат од среќа.

Тие анкетирале 4389 сопственици на кучиња ширум Велика Британија за да дознаат кои зборови им се омилени. Откако сопствениците им откриле што најчесто им зборуваат на кучињата, биле анализирани и нивните отчукувања на срцето. 

На прво место е зборот „прошетка“ со, во просек, 156 отчукувања во минута. Утврдено е дека овој збор доведува до просечно зголемување на отчукувањата на срцето од неверојатни 36 отсто кога ќе се изговори.


Зборовите „вечера“, „храна“ и „јадење“ се на второ место со 152 отчукувања во минута, што е зголемување од 32 отсто. „Закуска“ е исто така во топ 3 со 151 отчукување на срцето во минута и пораст од 31 отсто.

Анкетата на „OnBuy.com“ открила дека кучињата најмалку сакаат да ја слушаат фразата „одиме дома“ и наредбите како „дојди“ и „дај ја шепата“.

Пет раси кои најмногу реагираат на зборови се француски булдог, бигл, ротвајлер, лабрадор и јазовичар.



Спонзорирани линкови

Маркетинг