Македонија продолжува да ја 'тресе' случајот со родилката од Дебар, во домот на докторот пронајдена комплетна гинеколошка ординација без документација

Точка

20/01/2021

20:30

6.462

Големина на фонт

а а а

До крајот на оваа или најдоцна идната недела, Лекарската комора го презема случајот на струшката болница.

На барање на надлежните институции, комората на лекари ќе проверува дали имало лекарска грешка во случаите кои пациенти ги отворија против директорот на струшката болница, Мухамед Асани.

Од лекарската комора за Сител велат дека работата на доктор Асани ќе ја проверува тим од лекари чиј идентитет нема да го знае ниту гинекологот, ниту јавноста. Извештајот на нивната комисија ќе пресече дали во процесот на породувањето на двете пациентки од Дебар имало прекршување на медицинските процедури.

Инспекторите на Државниот здравствен и санитарен инспекторат во понеделникот влегоа во куќата на директорот на струшката болница и гинеколот д-р Мухамед Асани со полициска асистенција.

Откако влегле внатре пронашле комплетно опремено гинеколошка ординација со чекална, со рецепти, со гинеколшки стол, меѓутоа за ординацијата не постојат никикави документи, дознава „Слободен печат“.

Инаку, пред куќата не постоеле никакви ознаки дека станува збор за гинеколошка ординација.

Директорката ДЗСИ д-р Ирина Сотирова Бухова за изјави дека во ваква ситуација законски морале да ја повикаат полицијата.

„Посочениот доктор беше повикан, дојде и даде доброволна изјава дека има ординација, но не ординира“, изјавила д-р Сотировска Бухова за „Слободен печат“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг