Ќерката на Доналд Трамп, Иванка, се расплакала пред камерите додека нејзиниот татко ја напуштал Белата куќа.
Сега е и официјално. Поранешниот американски претседател Доналд Трамп денеска со сопругата Меланија ја напуштил Белата куќа во која сега ќе се досели новизбраниот претседател Џо Бајден со своето семејство.
Додека го гледале својот татко како ја напушта претседателската резиденција, децата на Трамп биле преплавени со емоции, а најмногу Иванка.
Таа, која го слушала говорот во друштво на сопругот и синот, не успеала да ги задржи солзите и се расплакала пред камерите додека нејзиниот татко за последен пат влегувал во претседателскиот авион.
Нејзиниот помлад брат Ерик и сестрата Тифани одвај ги задржувале солзите, но нивните изрази на лицата кажувале дека исто така тешко се носат со разделбата од Белата куќа, додека најстариот Дон делувал прилично воздржано.