Камала Харис се појавила во капут со посебно значење, Џил Бајден во облека на американски дизајнерки

Точка

20/01/2021

19:10

3.514

Големина на фонт

а а а

Камала Харис, потпретседателката на САД, на денот на инаугурацијата дошла облечена во фустан кој го креирале Кристофер Џон Ројџерс и Серџо Хадсон од модната куќа „Black designers“.

Се зборуваше дека таа на инаугурацијата би можела да се појави во согласност со индиското наследство, во т.н. сари, но тоа не беше случај.

Денеска е историски ден за Америка, бидејќи првпат се случува потпретседателката да биде со темен тен и азиско потекло, а бојата на капутот кој го носела за неа има посебно значење, бидејќи токму таа боја ја носела и Ширли Чишолм, првата Афроамериканка која се кандидирала за претседател на САД во 1972-ра година.

Џил Бајден, новата прва дама и сопруга на новиот претседател на САД, Џо Бајден, облекла облека од американски дизајнери.

Облекла син капут од твид, со кадифени манжетни украсени со кристали Сваровски, кои одлично одговарале со маската за лице.

Нејзината комбинација на облека ја дизајнирала Александра О'Нил, креаторка родена во Колорадо.



Спонзорирани линкови

Маркетинг