Откако проговори за пеколот низ кој поминала, се огласи и нејзина колешка: Актерката објави фотографија со Милена и замоли само едно

Точка

20/01/2021

18:42

5.775

Големина на фонт

а а а

Откако актерката Милена Радуловиќ ја откри пред јавноста приказната за монструозното сексуално злоставување од познатата школа за актерска игра на Мирослав Алексиќ, своето трауматично искуство го сподели и нејзината колешка Ива Илинчиќ.

Таа открила дека била жртва на сексуално вознемирување од професорот по глума, а денеска се огласи и на социјалните мрежи.

Поврзани вести: „Зошто дури сега проговорила?“ Се огласи и Тијана Дапчевиќ за скандалот што со денови ја 'тресе' Србија


Ива најпрвин со своите следбеници споделила фотографија на која позира со колешката Милена, со следниот опис:

„Милена и јас на денот кога се запишав на ФДУ“.


На следната фотографија која ја споделила Ива со своите следбеници на Инстаграм, стоел следниот текст:

„Би ги замолила медиумите да ја почитуваат мојата желба да не давам повеќе никакви изјави некое време, ја разбирам вашата најдобра намера, но и јас ве молам да ме разберете мене. Целта и идејата на целата оваа приказна беше со овој потег да се стави крај на злоупотребата и само тоа е важно. Им благодарам на сите луѓе за огромната поддршка“, напишала Ива.


Да потсетиме, во саботата навечер како бомба одекна веста за сексуално злоставување од школата за актерска игра на Мирослав Алексиќ, кога Милена Радуловиќ изнесе во јавноста исповед за злосторствата од таа школа. Денеска актерката била на сослушување, а утре се очекува и сослушувањето на Ива Илинчиќ.




Спонзорирани линкови

Маркетинг