Совршени комбинации во кои главна улога имаат - хеланките!

Точка

20/01/2021

17:43

3.898

Големина на фонт

а а а

Фармерките и панталоните играа една од главните улоги во сите гардеробери досега. Без оглед на сезоната во која сме и трендовите што ги носи, неколку разновидни модели на панталони и класични фармерки отсекогаш се истакнувале како совршен почеток на секојдневните комбинации.

Сепак, нашето секојдневие во последните девет месеци малку се промени, исто како и нашите модни приоритети и фаворити. Наместо по ефектни модели и раскошни трендови, и на почетокот на новата година ќе посегнеме по лежерни и удобни модели.. Во тие лежерни, модерни фаворити може да пронајдеме одлични дневни комбинации за деновите во кои најмногу време сè уште поминуваме дома. Еден од модните фаворити кои сите обожуваме да ги носиме без сомнеж се хеланките.

Неверојатно удобни за носење и едноставни за комбинирање во лежерни комбинации, хеланките се трансформираа од модел резервиран за дома и викенд стајлинг, во еден од најпопуларните модни фаворити.

Заедно со дуксери и спортски маици, тренирки и патики, хеланките се дел од активната долна облека која се наоѓа во центарот на модните трендови во 2021-ва година. Иако секогаш беа популарни како дел од оние најлежерните комбинации, хеланките имаа свои модни моменти во изминатите модни децении кога ќе ги преминеа границите на лежерното и спортското и ќе станеа парче за тренди изглед.



Спонзорирани линкови

Маркетинг