Методот 2/2/2 на познатиот психолог е проверен рецепт за среќен брак: Еве зошто сите парови треба да се водат по овие правила

Точка

20/01/2021

17:33

5.916

Големина на фонт

а а а

Познатиот психолог Иванов создал добитна формула која ветува дека брачната среќа засекогаш ќе трае.

По години работа со брачни парови, тој ја осмислил методата 2/2/2 која има за цел да ја одржи страста во врската. 

„Сакате во текот на целиот брак да ја задржите романсата како на почетокот на врската? Одговорот е навистина едноставен – редовно одете на состаноци со партнерот“.

Психологот напоменува дека е многу важно партнерите редовно да одвојуваат време само за нив двајца.


„Поминете време во некој романтичен амбиент, подалеку од домот, децата и обврските. Тоа ќе ја одржи страста помеѓу вас. Многу е важно барем на неколку часа да заборавите на потешкотиите и грижите и потполно да се фокусирате еден на друг“.

Сè се сведува на бројот 2 односно правилото наречено „2/2/2“.

- на секои 2 недели поминете една вечер заедно и излезете на состанок

- на секои 2 месеци овозможете си романтично викенд патување

- на секои 2 години разделете се на една недела. Ова дополнително ќе ја зајакне страста и ќе направи да сфатите зошто сакате да живеете со партнерот.


„Бракот не значи крај на забавата. Излегувањата, романтичните вечери, одењето во кино – тоа не смее да исчезне кога ќе го изговорите судбоносното ‘да’“, вели Иванов.

Понекогаш на партнерите им е потребна потврда дека и двајцата се среќни и дека нивните чувства се посилни од претходно. Дури и ако сте опкружени со проблеми, издвојте време за вас двајца и потсетете се зошто сте заедно. Љубовта е главен двигател.



Спонзорирани линкови

Маркетинг