Заев: Од функционерите прв треба да се вакцинира Филипче, па по него јас

Макфакс

20/01/2021

15:30

1.707

Големина на фонт

а а а

Премиерот Зоран Заев најави дека ќе ја прими вакцината за заштита од Ковид – 19 веднаш по министерот за здравство Венко Филипче, за кој, како лекар, смета дека треба да биде првиот функционер кој ќе се вакцинира.

Одговарајќи на новинарско прашање кој од функционерите прв ќе ја прими вакцината, тој рече дека со личен пример ќе им покаже на граѓаните дека треба да ја примат вакцината.

„Прво треба да се вакцинира здравствената комисија, нашите херои лекари, медицински сестри, здравствениот персонал, потоа хронично болните, повозрасните, па семејствата што изгубиле член од семејството. Веројатно прв треба да биде министерот Филипче, а јас ќе бидам прв по министерот за вакцинирање откако ќе поминат на ред оние што имаат приоритет. Јас сум еднаков со другите и ќе дадам личен пример за граѓаните час поскоро да се вакцинираме. Јас, моето семејство и роднините ќе се вакцинираме“, рече премиерот Заев.

Тој очекува кога враќање на животот во нормала кога ќе бидат вакцинирани 60 – 70 отсто од населението.



Спонзорирани линкови

Маркетинг