Најдобриот документарец за 2020 година се занимава со правата на лицата со инвалидитет

Точка

20/01/2021

15:31

1.034

Големина на фонт

а а а

Филмот „Crip Camp“ е прогласен за најдобар документарен филм за 2020 година од страна на членовите на „The International Documentary Association“.

Оваа награда е доделена по 36-ти пат. 

Кон почетокот на 70-те, тинејџерите со инвалидитет се соочувале со иднина обликувана со изолација, дискриминација и институционализација.


Кампот „Jened“, разуздан камп за „хендикепирани“ во Кетскилс, „експлодирал“ во тие околности. „Jened“ претставувал нивна среќна утопија, место со летни спортови, пушење цигари и шминкање, место во кое камперите се чувствувале исполнето како луѓе.

Филмот минатата година доби неколку значајни филмски награди меѓу кои и награда од публиката на фестивалот „Sundance“.

Помеѓу продуцентите на овој филм се наоѓаат и поранешниот претседател на САД, Барак Обама и неговата сопруга Мишел Обама.



Спонзорирани линкови

Маркетинг