„Ветената земја“: Во неа важат најнеобични правила, а голем број од туристите кои ја посетуваат - засекогаш остануваат таму

Точка

20/01/2021

12:00

7.411

Големина на фонт

а а а

Во оваа земја ќе може да пронајдете многу работи кои што се невообичаени за остатокот од светот.

Ова се неколку интересни факти и работи кои што може да ги најдете во Австралија:

1. За да сфатите колку Австралија е голема, замислете го ова

Во Австралија постои само еден ранч кој што е поголем од цел Израел и се смета за најголем ранч на светот.


2. Доколку избегнете гласање, следи парична казна

Кога ќе наполнат 19 години, Австралијанците се сметаат за полнолетни граѓани кои што имаат право на глас, но подобро е да се каже дека тоа е обврска - да се гласа. Доколку не излезете на избори, а немате ниту добро оправдување за тоа, следи парична казна од 20 до 50 долари. Доколку одбијат да ја платат казната, им се одзема возачката дозвола.

3. На што ве потсетува Сиднејската опера?

Доколку мислите дека станува збор за едрилица, тогаш се лажете. Архитектот добил инспирација додека јадел портокал. Кога ќе ги споите сите делови од градбата ќе добиете совршен круг.


4. 150 големи скулптури ширум земјата

Ширум Австралија се наоѓаат 150 огромни необични скулптури. Во облик на печурка, банана, крокодили. Направени се како атракција за туристите.

5. Необични знаци покрај патот

Знаците вообичаено служат да нè известат или предупредат, но во Австралија постојат и од други причини. Имено, некои од патиштата низ земјата се толку многу долги и здодевни, што властите покрај информативни знаци поставуваат и онакви кои што ги анимираат патниците.


6. Безбедност

Во 1970-та година австралиската држава Викторија била првата држава која што вовела обврска за врзување на сигурносни појаси во автомобилите.

7. Неуништливи банкноти

Жителите на Австралија користат банкноти изработени од пластика.

8. Ветена земја

Забележано е дека годишно речиси 70 туристи кои ја посетуваат Австралија, остануваат засекогаш во таа земја.


9. „Баба сервис“ наместо дадилки

Семејствата често вработуваат постари луѓе од женски пол кои што им помагаат околу домашните работи и игри со нивните деца, баш како и вистинските баби.

10. Најдолгиот голф терен се наоѓа во Австралија



Спонзорирани линкови

Маркетинг