Стрелецот на Лестер го посочи големиот проблем на Лампард: Ја искористивме најголемата слабост на Челси

Дерби

20/01/2021

10:31

1.635

Големина на фонт

а а а

Џејмс Мадисон игра фантастична сезона во Премиер лигата и е еден од клучните играчи во офанзивен план на Лестер, тим кој изминатава вечер на домашен терен комплетно го надигра и победи Челси со 2:0.

Англискиот фудбалер беше стрелец на вториот гол со кој „лисиците“ практично потврдија дека бодовите ќе останат на „Кинг Пауер“, но сепак според Мадисон, многу поважен бил оној кој го постигна Ендиди за водство од 1:0, а кој всушност бил осмислен на тренинзите.

Мадисон откри дека тој и неговите соиграчи се подготвувале за Челси и максимално го искористиле недостатокот во играта на гостите, кои како што вели тој, често знаат да се „исклучат“ при бранењето на корнери и прекини.

– Верувајте дека работевме на ова, начинот на кој го постигнавме првиот гол, акцијата од корнер. Гледавме дека Челси има проблеми со кратки корнери, особено кога некој тим е покреативен од аголот.

– Забележавме дека тие се исклучуваат на прекини и знаевме дека можеме да добиеме корист од нивната слабост. Немавме постигнато многу голови на ваков начин, од прекини, но конечно го прекинавме тоа. Лестер беше на дното на табелата кога ќе ја погледнете статистиката на постигнати голови од прекини, сега малку ми олесна како човек кој често ги изведува корнерите, – изјави Мадисон.



Спонзорирани линкови

Маркетинг