Потресни сцени од разорниот земјотрес во Аргентина: Куќите срушени, патиштата испукани...

Точка

19/01/2021

12:13

6.194

Големина на фонт

а а а

Силен земјотрес со јачина од 6,4 степени по Рихтеровата скала утринава го погоди северозападот на Аргентина во област која се граничи со Чиле, а потресот го почувствуваа жителите на двете јужноамерикански држави.

Во силниот земјотрес, срушени се бројни објекти, а снимки од лице место покажуваат колку всушност бил разорен земјотресот.

На социјалните мрежи кружи снимка која ја направил новинар, а на која може да се види како регионален пат е испукан на половина од јачината на земјотресот.

Засега нема информации за повредени или евентуални жртви.




Спонзорирани линкови

Маркетинг