Мистериозната смрт на легендата: Елвис Присли не починал од предозираност, го убила повреда на главата стара 10 години?

Точка

18/01/2021

17:28

18.201

Големина на фонт

а а а

Легендарниот музичар Елвис Присли почина на 16 август 1977 година во Тенеси, а истиот ден била извршена обдукција на неговото тело.

Неговото семејство веднаш го запечатило извештајот на 50 години, што предизвика многу шпекулации за тоа како починал, а сега е откриена уште една нова теорија. 

Ден Ворлик, главен истражител на државата Тенеси, присуствувал на обдукцијата и рекол дека Елвис починал додека се обидувал да оди во тоалет. 


„Хроничната констипација на Присли била резултат на долгогодишната злоупотреба на лекови на рецепт и висок холестерол. Тоа довело до т.н. „маневар на Валсалва“. Едноставно кажано, напорот при обид за дефекација ја пристиснал стомачната аорта, затворајќи го неговото срце“, изјавил Ворлик.

Други тврделе дека починал од предозираност, но кога истрагата била повторно отврена во 1994 година, мртвопроверителот Џозеф Дејвис не се сложил со тоа, пренесува „Mirror“.

„Положбата на телото на Елвис Присли оддава дека починал во моментот. Паднал напред на тепихот и бил мртов додека паѓал на подот. Да станувало збор за предозираност со дрога, не би починал веднаш туку би се одвлечкал до вратата, барајќи помош. Потребни се часови за некој да почине од дрога“, рекол Џозеф.

Резултатите од обдукцијата би требало да бидат отклучени во 2027 година, но дотогаш најголем увид во мистериозната смрт на Присли добил истакнатиот калифорниски лекар Форест Тенант. За Тенант, едно од главните наговестувања за смртта на музичарот било „пропаѓањето“ на неговото тело кое започнало 10 години претходно.


Елвис во минатото се жалел на вртоглавици, болки во грбот, несоница, очни инфекции и главоболки, а во 1973 година бил итно пренесен во болница во полу-кома, каде било утврдено дека страда од силно респираторно нарушување, изразен оток на лицето, отечен стомак, констипација, чир на желудик, крварење и хепатитис.

Форест верува дека сето тоа произлегло од сериозната повреда на главата со која Присли се здобил во 1967 година и која отпочнала прогресивно автоимуно инфламаторно нарушување. Елвис се сопнал од телевизискиот кабел во една хотелска соба и удрил со глава во кадата, а повредата била толку тешка што предизвикала поместување на мозочното ткиво и тоа наводно предизвикало низа нарушувања во неговото тело кои довеле до смртта на кралот на рокенролот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг