Со помош на „Google Maps“ решена мистерија долга 20 години

Точка

18/01/2021

16:36

7.393

Големина на фонт

а а а

Вршејќи си ја својата работа Џери Нуман налетал на необичен детаљ, не знаејќи дека со тоа ќе реши мистерија долга 20 години.

Вилијам Молд исчезнал во ноември 1997-та година. Последниот повик ѝ го упатил на девојката, додека се забавувал во градот. Изјавил дека набрзо ќе тргне накај дома...

Повеќе од 20 години, полицијата и семејството се обидувале да утврдат што всушност се случило. Целата заедница била вклучена во потрагата, но безуспешно.

Целосно неочекувано, разрешена била мистеријата со помош на апликацијата „Google Maps“, од корисникот Џери Нуман од Округот Палм Бич.

Необични остатоци

Набљудувајќи ги автобуските линии преку „Google Maps“, Нуман открил остатоци од автомобил на дното на езерото во Флорида.

Веднаш ја контактирал поранешната девојка Ерика која што живеела во близина на тоа место и заедно ја започнале истрагата, пренесува „VICE“.

Ниту во најлудите мисли не очекувале дека сето тоа што го пронашле ќе помогне во решавањето на трагичната мистерија.

Повикале полиција која што ги извлекла остатоците од автомобилот од водата. Во кабината имало и човечки коски.

Со обдукција било утврдено дека станува збор за Вилијам Молд. Се верува дека таа кобна вечер тој изгубил контрола над својот автомобил и влетал во езерото.

Деталите од оваа неверојатна приказна дознајте ги во наредното видео: 



Спонзорирани линкови

Маркетинг