Комичарот купил вила за 27,5 милиони долари – погледнете како изгледа величественото здание

Точка

16/01/2021

17:25

4.271

Големина на фонт

а а а

Комичарот Тревор Ноа кој неодамна ја продал својата вила на Бел Ер за 21,7 милиони долари, одлучил да остане во овој крај.

Сега купил величествено здание од 27,5 милиони долари, исто така на Бел Ер. Вилата дизајнирана од страна на познатиот архитект Марк Риос, се состои од резиденција со површина од 11.000 квадратни метри на површина од еден хектар. 


Риос најпрвин ја планирал резиденцијата за себе, но на крајот ја ставил на продажба со цена од 29,5 милиони долари. Очигледно Тревор успеал да се договори за пониска сума и попуст од 2 милиони долари и склучил договор со архитектот.

Домот се состои од 6 спални соби, 8 купатила и 3 тоалети за гости. Во дворот има огромен базен и раскошни градини.


Станбената содржина вклучува и надворешен бар/кујна, простор за сончање, теретана, спа и сауна, работна соба, лифт, посебен апартман за гости со играчница и базен, канцеларија за обезбедувањето, големо приватно и затворено мото-игралиште и посебен влез и паркинг за персоналот.




Спонзорирани линкови

Маркетинг