Студениот бран се прошири и на Грција: Делови од Солун без струја, "Леандрос" носи обилни снежни врнежи и проблеми

Точка

16/01/2021

16:09

4.562

Големина на фонт

а а а

Студениот бран кој минатите денови се проширил на Грција, денеска донел многу ниски температури во некои делови на земјата, снежни врнежи на Атика и бројни ограничувања во сообраќајот.

Студениот фронт кој ја погодил Грција, наречен "Леандрос", донел обилни врнежи од снег од Солун до Атика и предизвикал снемување на струја во источниот дел на Солун денеска, додека на Крит се очекуваат налети на силен ветер и дожд кои ќе траат до вторник. 

На повисоките надморски височини на подрачјето на Атика, централна Грција и Пелопонез, на неколку патишта е задолжителна зимска опрема за возила, додека полицијата на некои места го ограничува сообраќајот.

Властите од грчкото министерство за цивилна заштита и секторот за вонредни ситуации вчера разгледувале можности за нови ограничувања во сообраќајот.




Спонзорирани линкови

Маркетинг