Топ 5 зимски стајлинзи: Доколку сакате да изгледате моќно, облечете се вака

Точка

16/01/2021

15:42

3.756

Големина на фонт

а а а

Доколку инспирацијата оваа недела не ви е на високо ниво, ние сме тука да ви помогнеме.

Пронајдовме 5 одлични зимски стајлинзи кои сигурно ќе посакате да ги ископирате, а вака облечена секоја жена изгледа моќно. 

Ова е нашиот избор:

Црната боја е секогаш добар избор – освен што секогаш е во тренд, таа прави фигурата да изгледа визуелно послабо. Токму ваквите хулахопки со интересен дезен се апсолутен хит, па ако одлучите да се облечете вака, комплиментите нема да изостанат.

Маиците, кошулите и џемперите со нагласени рамена веќе некое време се многу популарни, а причината зошто жените толку ги сакаат е тоа што прават секоја фигура да изгледа како песочен часовник. Кога рамената се нагласени, струкот автоматски делува потенко, а телото поженствено.

Доколку ваквиот џемпер го искомбинирате со џинс и длабоки чизми, ќе добиете стајлинг за чиста десетка.

Оваа сезона, секоја жена со стил треба да има барем една плетена тренирка во својот гардеробер. Трендсетерките апсолутно „полудеа“ по ова парче.

Длабоките кожни здолништа никогаш не излегоа од мода, а оваа зима се особено популарни. Во комбинација со ниски чизми и блуза изгледаат многу моќно.

Тренирките веќе не се резервирани само за теретана – сега тие се клучното парче за тренди стајлинг. Нема да погрешите ако одберете модел во впечатлива боја и го искомбинирате со кожна јакна.



Спонзорирани линкови

Маркетинг