Американскиот министер за здравство и социјални услуги, Алекс Азар поднесе оставка, оценувајќи дека неодамнешниот напад на Капитол во Вашингтон е напад на демократијата.
Азар во оставката упатена до американскиот претседател Доналд Трамп, ги навел и успесите на администрацијата, вклучувајќи го и брзиот развој на вакцината против коронавирусот, за што истакнал дека ќе спасат стотици илјади, а можеби и милиони животи.
Азар, покрај нападот на Капитол, изразил загриженост и поради, како што смета, невтемелените тврдења на Трамп за широка изборна измама на неодамнешните претседателски избори.
„Нападите на Капитол беа напад на нашата демократија и на традицијата на мирен пренос на власта“, напишал Азар во писмото до Трамп.