Трамп нема да ја напушти Белата куќа тивко: Претседателот на САД планира посебен настан во воена база

Точка

16/01/2021

14:20

3.999

Големина на фонт

а а а

Американскиот претседател Доналд Трамп ќе одржи настан за збогување со функцијата без преседан во воената база Ендрус утрото на денот на инаугурацијата на Џо Бајден, а потоа ќе го напушти градот пред неговиот наследник да положи заклетва.

Збогувањето на Трамп со претседателската функција ќе се одржи во база надвор од Вашингтон каде што е сместен “Air Force One”. Ниту еден неодамнешен претседател на САД немал ваква сопствена церемонија во базата.

Наводно како дел од церемонијата ќе има воен оркестар и поздрав од 21 плутони, пренесува „АП“.

Потоа, Трамп планира да отпатува во својата резиденција Мар-А-Лаго пред Бајден да ја положи заклетвата по што и официјално ќе стане 46-тиот претседател на Соединетите Американски Држави.




Спонзорирани линкови

Маркетинг