Меркел доби наследник: Армин Лашет е новиот лидер на германската ЦДУ

Точка

16/01/2021

14:01

3.204

Големина на фонт

а а а

Христијанско-демократската унија (ЦДУ) на германската канцеларка Ангела Меркел денеска доби нов шеф - Армин Лашет.

Лашет е актуелен премиер на покраината Северна Рајна Вестфалија, а неговите конкуренти биле поранешниот министер за заштита на животната средина Норберт Ретген и некогашниот шеф на пратеничкиот клуб на ЦДУ, Фридрих Мерц. 

Лашет и Мерц влегле во вториот круг од гласањето, на дигиталното собрание на партија кое било одржано денеска, а на кое 1.001 делегат имале право на глас.

Во вториот круг гласале 991 делегат. Лашет освоил 521 глас, Мерц 466, а четворица биле воздржани.

Со победата на Лашет ќе продолжи политиката на Меркел, бидејќи Мерц, еден од жестоките противници на Меркел, најавил победа на курсот ако победи на гласањето.

Лашет бил пратеник во Бундестагот и во Европскиот парламент, а во изборната трка најавил дека сака да ја продолжи политиката на Ангела Меркел.

Новиот шеф на ЦДУ рекол дека ќе направи се партијата да мине добро на идните избори, посебно на парламентарните.

По 16 години владеење на Меркел, "чевлите" во кои мора да влезе новиот шеф на партијата се прилично големи.




Спонзорирани линкови

Маркетинг