Во пештера откриена најстарата слика на светот, која датира од пред 45.000 години – погледнете што е насликано на неа

Точка

16/01/2021

12:46

7.438

Големина на фонт

а а а

Истражувањето на најраното занимавање со уметноста се покажало дека било застапено во југоисточна Азија многу одамна.

Едно од делата тоа и го докажува – уметниците кои што ги цртале ѕидовите во пештерата Сулавези, пред повеќе од 45.000 години, прикажувале комплетна социјална интеракција помеѓу свињите.

Сликата од свињата е пронајден во пештера во Индонезија, а стара е најмалку 45.000 години – тоа воедно ја прави најстариот познат приказ на одредена фигура во светот.

Истражувачите всушност откриле дека цело тоа подрачје изобилува со праисториска уметност во пештерите на нивните карпи.

Новооткриената слика на свињата пронајдена била уште во текот на 2017-та година и 2018-та година, но во јавноста е прикажана дури сега.

Исто така биле пронајдени и траги од цртежи во пештерските ѕидови во Шпанија и Португалија кои што биле стари околу 65.000 години, но пронаоѓачите сметаат дека истите се направени од неандерталци, а не од раните Хомо сапиенс.

Тоа што може да се каже е дека раните жители на Индонезија биле уметнички насочени и очигледно восхитени од свињите.

Наративниот мурал стар е 45.000 години, широк 4,5 метри, а ја прикажува приказната за ловот, но и за интеракцијата помеѓу животните, а во близина биле пронајдени и докази за тоа како се правеле боите за потребите на сликањето.

Сликата на оваа свиња воглавно е направена од темноцрвена боја, како што може да се забележи.

На крајот, сепак авторите на ова истражување велат дека не можат дефинитивно да тврдат дека авторот на сликата е современиот човек затоа што немаат доволно докази за тоа.




Спонзорирани линкови

Маркетинг