Очигледно дека споделувањето на видеа од ваков карактер на социјалната мрежа ТикТок, во Македонија стана доста популарно.
Имено, на социјалната мрежа кружи ново контроверзно видео на кое веројатно станува збор за припадник на некоја полициска или пак друга безбедносна институција кој што ја „злоупотребува“ својата службена легитимација.
Возачот кој што поминува на наплатна рампа на автопатот Скопје-Гостивар, наместо да плати, ја вади својата легитимација и минува слободно – без да плати.
Инаку, според законот освен службени лица кои што во моментот вршат оперативни дејствија, сите останати кои минуваат на наплатните рампи мора да платат.
Вадење легитимација и лабаво по патарина..
— Две Ѕвезди (@dvezvezdi1) January 15, 2021
ШЕРИФСКИ!?
?️??️??️? pic.twitter.com/cjdU97UrT8
Може за некој е ситница,ама ова е кршење на закони!
— Две Ѕвезди (@dvezvezdi1) September 30, 2020
Ова е еднаквост да ти дигаат рампи злоупотребувајќи државни институции? pic.twitter.com/2yDz37mgVb