Со денови трпел ужасна болка... Откако итно беше хоспитализиран во болница, на актерот му е дијагностициран канцер од 4-ти стадиум

Точка

16/01/2021

11:40

9.555

Големина на фонт

а а а

Актерот неодамна ја изгуби својата мајка откако не успеа да се избори со истата болест која што му е дијагностицирана и него.

По веста дека 44-годишниот актер Дастин Дајмонд итно беше хоспитализиран во болница, докторите му дијагностицираа канцер од четврти стадиум, пренесува „NBC“.

Како што пренесуваат странските медиуми, тој со денови трпел болка, а неговите најблиски од почетокот се сомневале дека станува збор за опасната болест.


Актерот неодамна ја загуби и својата мајка како последица на канцер на дојката.

Да ве потсетиме, него го прослави улогата во „Saved by the Ball“, а токму со таа улога дебитираше и ја започна својата кариера во филмската индустрија.

Во 2015-та година се најде во средиштето на скандал, кога беше осуден на затворска казна затоа што избодел маж со нож. Инцидентот се случил откако неговата сопруга влегла во конфликт со друга жена.

Од затворот бил пуштен по три месеци, но набрзо повторно беше уапсен поради кршење на условната казна.




Спонзорирани линкови

Маркетинг