Сведоштвото на родилка која останала без органи по породување во болница во Струга ја разбесни македонската јавност

Точка

15/01/2021

21:05

13.295

Големина на фонт

а а а

Јилдиз Веповска од Дебар, медицинска сестра од итната помош, преживува вистински пекол откако се породила во болница во Струга со царски рез, но по операцијата излегла без матка, бубрег и без еден јајник.

По породувањето, таа иако не се чувствувала добро, докторот Асани по три дена ѝ дал отсутно писмо и ѝ рекол дека е подготвена да замине дома, иако таа се противела.

Влезот во операционата сала е последното нешто на кое што се сеќава Јилдиз, раскажала таа за „Сител“.

По 10 дена таа се разбудила во скопската Клиника и дознала дека нема матка, јајник и еден бубрег.

Погледнете го сведоштвото на Јилдиз за „Сител“ телевизија:



Спонзорирани линкови

Маркетинг