Хрватска „спасуваше глава“ против Јапонија, Германија го понижи Уругвај

Макфакс

15/01/2021

20:39

1.304

Големина на фонт

а а а

Хрватската ракометна репрезентација, која треба да важи за еден од фаворитите за медал на Мундијалот во Египет, се намачи со аутсајдерот Јапонија, одигрувајќи 29:29 со гол од пенал во последните секунди од мечот.

Хрватска имаше водство од 1:0, по што неверојатно контролата ја презеде Јапонија, наоѓајќи „дупка“ во одбраната на „коцкестите“ за да поведе со неверојатни +6 по 24 минути игра, за на полувремето тимот на исландскиот тренер Дагур Сигурдсон да имаат 17:14.

Хрватите ги намалија грешките во второто полувреме, а проработе и Домагој Дувњак, за да успеат да израмнат на 23:23 на 13 минути пред крајот на натпреварот. Иако се очекуваше тука да го зададат клучниот удар, Јапонците не го даваа водството, за на крајот Иван Чупиќ со гол од пенал на пет секунди пред крајот на мечот да извлечат 29:29. Марино Мариќ со седум гола беше најдобар за тимот на Лино Червар, а по четири имаа Дувњак и Лука Циндриќ, додека за Јапонија, Токуда и Агарие имаа по шест гола.

Разликата во класа на еден ракометен мундијал најдобро го отсликуваше мечот помеѓу европскиот гигант Германија и Уругвај. Германците во првото полувреме дозволија да примат само четири гола од јужноамериканската репрезентација, водејќи со 16:4, а иако во второто дозволија повеќе голови, на крајот резултатот беше астрономски 43:14.

Во групата Б ха Хрватска, Катар со 30:25 ја совлада Ангола, додека Бразил со сензационален пресврт во второто полувреме дојде до 29:29 реми со фаворизираната Шпанија.

СВЕТСКО ПРВЕНСТВО – ЕГИПЕТ, 1.КОЛО

ГРУПА А

Германија – Уругвај 43:14 (16:4)

Унгарија – Зеленортска Република 20.30 ч.

ГРУПА Б

Шпанија – Бразил 29:29 (16:13)

Полска – Тунис 20.30 ч.

ГРУПА Ц

Катар – Ангола 30:25 (14:13)

Хрватска – Јапонија 29:29 (14:17)

ГРУПА Д

Аргентина – ДР Конго 28:22 (13:14)

Данска – Бахреин 20.30 ч.



Спонзорирани линкови

Маркетинг