Песната за возачка дозвола ги руши сите рекорди – за еден ден преслушана 17 милиони пати, а „Rolling Stone“ ја нарече хит за 2021-та година...

Точка

15/01/2021

21:00

9.564

Големина на фонт

а а а

„Rolling Stone“ веќе ја нарече песна која што мора да ја знаете, а дали досега сте ја слушнале?

Иако сме на средина од месецот јануари, песната „Drivers License“ веќе многумина ја нарекуваат хитот за 2021 година.

Станува збор за дебитанска нумера на 17-годишната ѕвезда на Дизни – Оливија Родриго, која што доминира на музичките листи, но и на социјалните мрежи.


Носталгичната нумера во којa што доминира клавирот се гради како приказна за тоа како ова 17-годишно девојче конечно добило возачка дозвола.

Но, важната околност ја нарушува скршенoто срце – успехот треба да го прослави со своето поранешно момче кое што ја оставило поради „повозрасни русокоси девојки“, пее Родриго.


Песната е објавена пред 7 дена и досега веќе има 28 милиони прегледи на Јутјуб.

Само три дена по премиерата, песната го срушила и рекордот на „Spotify“ – стана нумера која што најмногу била преслушувана во текот на еден ден, дури 15 милиони пати.

Па, поради тоа се огласиле и од „Spotify“: „Ова не може да се спореди со ништо друго досега. Никогаш не е забележан друг нов уметник кој што толку доминирал на самиот почеток и едноставно успехот продолжува да расте. Без преседан е“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг