Може ли паметен телефон да се претвори во змеј?

Точка

15/01/2021

20:40

1.981

Големина на фонт

а а а

Кинеската компанија Xiaomi објави интересно видео на кое е прикажано како од деловите на паметниот телефон Mi 11 е направена скулптура на змеј.

Xiaomi Mi 11 беше претставен во последните денови од 2020-та година и стана првиот паметен телефон со новиот процесор Snapdragon 888 на Qualcomm.

На видеото е прикажано расклопувањето на два примероци на Mi 11, како и четири примероци со кожа за да бидат изработени роговите и крилјата. На уметникот му беа потребни 30 дена од компонентите на паметните телефони да направи механичка скулптура на змеј.

На крајот, скулптурата беше поставена на посебно украсениот Qi бежичен полнач и мора да признаеме дека изгледа навистина импресивно.

Инаку, Xiaomi Mi 11 покрај Snapdragon 888 процесорот, располага со 8 GB RAM меморија и 256 GB интерна меморија. Уредот има 6,82-инчен AMOLED со QHD+ резолуција и фреквенција на освежување од 120 Hz.

Покрај главната камера од 108 мегапиксели, на задната страна се поставени и ултрашироката камера од 13 мегапиксели и основната макро камера од 5 мегапиксели. На предната страна е поставена „селфи“ камера од 20 мегапиксели.




Спонзорирани линкови

Маркетинг