Ѓоковиќ „уловен“ за време на карантинот во раскошната хотелска соба во Австралија – погледнете што прави најдобриот тенисер на светот

Точка

15/01/2021

20:25

5.008

Големина на фонт

а а а

Моментално најдобриот тенисер на АТП листата, Новак Ѓоковиќ, пристигна во Австралија каде што го започна двонеделниот карантин во Аделаида пред почетокот на Австралијан опен.

Бидејќи организаторите на турнирот за оваа сезона ги проширија мерките до максимум поради заштита од пандемијата на коронавирусот, играчите мора максимално да ги почитуваат истите и две седмици да бидат изолирани поради пандемијата.

НЕ ПРОПУШТАЈТЕ: Пристигнаа строгите правила од Австралија: На Новак и тенисерите им се закануваат апсење, дисквалификација и парични казни...

Најдобриот тенисер на светот се смести во својот карантин во хотелот во Аделаида каде што се сместени и Рафаел Надал, Доминик Тим – како најдобри тенисери на светот, како и нивните членови на тимовите.

Камерите од медиумите успеале да го „уловат“ секој момент на тенисерите, а интересно е тоа што го прави Новак во својата хотелска соба – вежба.

Погледнете го видеото:

Инаку, Новак е сместен во луксузен хотел во кој што цената за една вечер изнесува 1.800 евра.

Погледнете некои од фотографиите на хотелот:





Спонзорирани линкови

Маркетинг