Пејачот јавно зборуваше за тоа дека во неговиот дом се случуваат чудни и мистични работи, а две години подоцна успеа да го продаде имотот.
Музичарот и поранешен член на бендот „One Direction“, Лијам Пејн, конечно успеа „да се ослободи“ од својот имот во Санта Моника, две години откако јавно зборуваше за чудните работи кои се случуваат таму.
Како што пренесуваат странските медиуми, тој го продал комплексот за над 10 милиони долари, во чиј состав се наоѓаат и винарија, сoба за медитација, библиотека, водопад.
Сепак, без оглед на целиот тој луксуз, тоа што сигурно не му помагало во досегашната продажба биле неговите тврдења дека куќата во која што живее е проклета.
Тој уште во 2017-та година изјави дека неговата мајка на улица пронашла непозната жена која ја предупредила дека духот на претходниот сопственик и понатаму е присутен на имотот.
Инаку, пејачот на имотот живеел со својата поранешна партнерка Шерил Кол, додека таа била бремена и го очекувале нивното дете, синот Беар.
„Шерил не сакаше да остане сама во собата на катот. Видов како светлата се палат и гасат среде ноќ, а имаше и морничави моменти во кои што водата од чешмите почнуваше сама да тече“, зборувал Лијам.
Инаку, таму во близина се наоѓаат и домовите на Мајли Сајрус, семејството Кардашијан итн.