Барселона ги одложи изборите поради КОВИД-19

Макфакс

15/01/2021

17:54

948

Големина на фонт

а а а

Барселона мораше да ги одложи изборите за претседател на клубот на 24 јануари поради пандемијата на КОВИД-19 и мерките за ограничување на движење кои ги донесе регионалната каталонска влада.

Нов датум за изборите не е одреден, а клубот побара од каталонската влада да овозможи гласање. Жоан Лапорта, Виктор Фонт и Тони Фреича се преостанатите тројца кандидати за угледната позиција во гордоста на Каталонија, а апсолутен фаворит е поранешниот претседател Лапорта.

„По состанокот на каталонската влада и Барелона, беше пренесено дека со сегашната епидемиолошка ситуација не е возможно да се овласти движење надвор од општината на членовите кои не се од градот, и затоа мора да дојде до одложување. Клубот побара да се олабават мерките за да се одреди нов датум за избори“, се вели во соопштението на Барса.

Клубот сака бргу да најде замена за Жозеп Марија Бартомеу, најмногу поради утврдувањето на иднината на нивниот капитен, Лионел Меси, кој има договор само до јуни.



Спонзорирани линкови

Маркетинг