Полета ракетата „New Shepard“ на Безос – туризмот во вселената повеќе не е сон...

Точка

15/01/2021

18:45

3.327

Големина на фонт

а а а

Во капсулата NS-4 се наоѓа куклата „Mannequin Skywalker“, а туризмот во вселената за луѓето очигледно нема да биде сон - туку реалност.

„Blue Origin“ штотуку направи значаен чекор во проектот испраќање луѓе во вселената.

Компанијата на Џеф Безос, сопственикот на „Amazon“, успешно ја лансираше ракетата „New Shepard“ (Пастир) од базата во Тексас која што ја носела капсулата NS-4.

Станува збор за унапредена верзија на модул со шест седишта, исполнет дисплеј со панели и софистицирана опрема. Внатре се наоѓала куклата „Mannequin Skywalker“, чија задача е да собере податоци.

„Меко“ слетување

Неколку минути по лансирањето, „New Shepard“ достигнала висина од 100 километри над Кармановата линија, по што се вратила на Земјата.

Ракетата без проблем слетала на зададената точка, а капсулата се приземјила со помош на три падобрана, пренесува „Futurism“.

Со ова лансирање, означена е седмата година од развивањето на амбициозниот план на компанијата „Blue Origin“.

Покрај вселенскиот туризам, Безос сака неговите летала да ја освојат Месечината, а првото полетување со човечка посада нема да се оствари пред 2022-та година.

Од друга страна компанијата „SpaceX“ наголемо лета до Меѓународната вселенска станица „Мир“ со своите „Falcon9“ ракети.




Спонзорирани линкови

Маркетинг