Точка ТВ: Ова се петте најстрашни мостови на светот

Точка

15/01/2021

18:05

2.156

Големина на фонт

а а а

Гефриофобија е страв од минување преку мост или страв од минување преку вода. Мостовите кои ќе ги видите на ова видео можеби изгледаат фасцинантно, но доколку ви е страв од висина нема да бидете многу воодушевени.

Највисокиот и најдолг стаклен мост во светот се наоѓа во Жангјијаи во Кина. Отворен е во 2016-та година, долг е 430 метри и изграден е над провалија длабока 300 метри. 

На мостот има и специјални ефекти, па понекогаш личи како да пука стаклото под вашите нозе.

Следен на нашата листа е мостот Хусеини, кој се наоѓа во Пакистан. Направен е под даски и е под постојан удар на ветер. Минувајќи низ овој мост досега загинале 10 луѓе.

Туристите само го фотографираат, а има и похрабри кои прават еден до два чекори.

Други мостови од нашата листа се Пуенте Де Охела во Мексико, Кешвачака на Андите и Кушма Гиади во Непал, а повеќе за нив можете да дознаете на Точка ТВ:




Спонзорирани линкови

Маркетинг