Луѓето се бесни на Дизни бидејќи сметаат дека нивниот лик промовира нереален изглед

Точка

15/01/2021

18:24

2.945

Големина на фонт

а а а

Дизни се најде на удар на критики од страна на корисниците на Твитер откако луѓето заклучиле дека еден нивен женски лик промовира нереален изглед.

Како што пишува „Daily Mail“, „прашината“ се подигнала уште во 2016 година кога Дизни го објави краткиот филм наречен „Inner Workings“. Приказната се одвива околу ликот Пол кој работи во канцеларија и е заљубен во Кејт, женски лик со тесен струк, долг врат и голем задник. 

На Твитер тогаш започнаа да се нижат коментари дека пропорциите на Кејт се нереални.

„Не знам зошто Дизни го прави ова“, напишал еден корисник уште во 2016 година, а некои неодамна го гледале анимираниот филм по што повторно се поттикна истата расправа.

„Знам дека ова е само цртан, но можеле да ѝ направат стомак“, „Тажно ми е што децата учат дека треба вака да изгледаат. Невозможно е природно да имате таков задник“, „Дизни им ги намали очите на ликовите, но им ги зголеми другите делови од телото со што се уште изгледаат нереално“, се дел од коментарите на сметка на спорниот лик.

Секако, има и такви кои застанале во одбрана на Дизни и сметаат дека ваквите реакции се претерани.

„Боже, па ова е само цртан филм. Јасно е дека ликовите делуваат како карикатури“, гласи еден коментар.



Спонзорирани линкови

Маркетинг