Англиските медиуми пренесуваат дека Жозе Мурињо воопшто не бил импресиониран од перформансите на Герет Бејл по неговото помпезно враќање во Тотенхем од Реал Мадрид.
Велшанецот потпиша договор за двегодишна позајмица со Тотенхем и се очекуваше во својот поранешен клуб да ја врати формата, но тој продолжи по старо и кога и да добиваше шанса не ги прикажуваше игрите кои се очекуваат од него.
Освен тоа, продолжија и проблемите со повреди за Бејл кој досега во сезоната има собрано само 160 минути премиерлигашки фудбал.
Минутите главно ги собира играјќи во куповите, а досега има вкупно 12 настапи во дресот на Тотенхем на кои успеал да постигне три погодоци.
Клубот од Северен Лондон поради ваквите изданија на Бејл е подготвен да го раскине договорот со играчот и Реал Мадрид по крајот на оваа сезона што значи дека Велшанецот нема да остане уште една година член на Тотенхем.
Интересно е тоа што 31 годишниот Велшанец се уште нема одиграно цели 90 минути за Тотенхем, па јасно е зошто од клубот сакаат да го вратат во таборот на Реал Мадрид.