Маркус Рашфорд е еден од најдобрите фудбалери на Манчестер Јунајтед, а симпатиите од јавноста ги доби и со неговата кампања за бесплатни оброци во школите ширум Англија.
Ваквата кампања која помина одлично беше поздравена и од големито Сер Алекс Фергусон кој го фалеше Рашфорд за неговиот придонес кон обезбедувањето оброк за оние кои немаат.
Сега во интервју за англиските медиуми и Рашфорд го спомна Сер Алекс посочувајќи дека најмногу жали што во кариерата немал можност да работи со „стариот лисец“.
– Јас лично најмногу жалам што немав можност да работам и да играм под водство на Сер Алекс. Тоа е нешто што веројатно нема ни да се случи, но прекрасно е што можам барем да се слушнам со него. Задоволен сум што е запознаен со ситуацијата и што сакаше да помогне во мојата кампања, па тоа беше фантастично, - изјави Рашфорд.
Маркус Рашфорд дебитантскиот настап за Манчестер Јунајтед го имаше под водство на Луи Ван Гал, нешто повеќе од две години по заминувањето на Сер Алекс во пензија.