Зидан го впери прстот кон еден играч по поразот од Атлетик Билбао

Дерби

15/01/2021

16:10

1.104

Големина на фонт

а а а

Реал Мадрид повторно одигра блед натпревар и овојпат загуби од Атлетик Билбао со 2:1 со што не доби можност да се сретне со Барселона во финалето од шпанскиот Супер Куп.

По крајот на натпреварот, Зинедин Зидан даде изјава во која истакна дека клубот ќе мора да излезе и од оваа непријатна ситуација во која веќе на три натпревари немаат забележано победа.

Зидан меѓу другото го искритикува и Лука Модриќ кој не се снашол на нешто поразличната позиција која ја доби за овој натпревар од тоа што е навикнат.

Модриќ играше нешто понапред, но не беше баш најдобар, па Зидан беше приморан да го вади од игра во 68. минута.

– Не влеговме добро во натпреварот. Атлетик добро не притисна и поради тој пресинг губевме топки кои инаку знаеме да ги сочуваме. Морав да ја промена тактиката со која го започнав натпреварот затоа што не бевме задоволни со позицијата на Лука и неговиот настап тука, - изјави Зидан.



Спонзорирани линкови

Маркетинг