Марадона на наследниците им оставил големи долгови! Медиумите објавија голема цифра

Точка

15/01/2021

17:02

2.929

Големина на фонт

а а а

Легендарниот Диего Армандо Марадона оставил огромен долг после својата смрт.

Аргентинските медиуми наведуваат дека Марадона со години избегнувал плаќање данок во Италија додека бил играч на Наполи и дека долгот на крајот достигнал неверојатни 26 милиони евра.


Но, и таа цифра е намалена, бидејќи адвокатите на Диего успеале да отпишат 11 милиони евра.

Магазинот „Infobae“ наведува дека смртта на Марадона не ги поништила долговите, туку тие се пренеле на неговите наследници кои последните неколку недели водат битка за наследството во кое спаѓаат недвижнини, автомобили и накит. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг