Холандската Влада поднесе колективна оставка после скандалот кој доведе до банкрот на семејства и развод на бракови...

Точка

15/01/2021

17:11

4.851

Големина на фонт

а а а

Владата на холандскиот премиер Марк Руте колективно поднесе оставка поради извештајот кој ја товари за лошо управување со субвенциите за грижа за деца, што илјадници семејства ги однесе во финансиска пропаст, пренесува националната телевизија „НОС“.

Руте подоцна во текот на денот за одлуката ќе го извести кралот Вилем-Александер и ќе одржи прес-конференција.

Ова е трет пат кабинетот на Руте да „падне“ поради афера поврзана со додатоците за грижа на деца, два месеци пред изборот за долниот дом на Парламентот.

Парламентарната истрага заклучи дека минатиот месец е направена невидена неправда кон недолжни семејства кои биле присилени да вратат десетина илјади евра доделени субвенции, што довело до невработеност, банкрот или развод на бракови.


Руте, кој се наоѓа на функцијата од 2010-та година, изјави кон крајот на минатиот месец, дека аферата која се протега практично низ целата измината деценија, била срамна. Околу 10 илјади семејства добиле надомест во износ од најмалку 30 илјади евра.

Семејствата оваа седмица поднесоа тужби против петмина политичари, вклучувајќи го и министерот за финансии Вопке Хоекстре и министерот за економија Ерик Виебс поради нивната улога во лошото управување со субвенциите.




Спонзорирани линкови

Маркетинг